Игрите на Seavus – најдобри меѓу најдобрите во светот

Игрите на Seavus се покажаа како подобри од игрите на Zynga, Playtika, Big Fish Games, Electronic Arts, Playkot, Scopely и многу други на доделувањето на наградите за најдобри iOS игри за 2012 година, во Барселона, на 26 февруари оваа година, во рамките на Mobile World Congress 2013.

Две од игрите на Seavus се меѓу првите три најдобри во светот во своите категории на AppStore маркетот наменети за iPhone телефоните и iPad уредите во рамки на светскиот натпревар BestAppEver за 2012 година.
Двете игри го освоија третото место во сопствените категории: Yatzy Ultimate во категоријата за најдобра игра со коцки и Black Jack Ultimate во категоријата за најдобри игри со карти.
Yatzy Ultimate ја играат повеќе од 1.800.000 играчи во целиот свет, а најомилена e меѓу играчите од Скандинавија и Америка. Достапна е за сите уреди на пазарот, во платена и бесплатна верзија: iPhone, iPad, Windows 8 и Windows phone.
Black Jack Ultimate, пак, е омилена во Америка. Достапна е бесплатно за iPhone, iPad, Windows8 и Facebook.
Во текот на 2012 година повеќе од 700 000 апликации се објавени на AppStore маркетот наменети за iPhone телефоните и iPad уредите. Со цел да се издвојат најдобрите од сите овие илјадници апликации објавени на овој маркет за апликации и да им се помогне на крајните корисници да ги препознаат апликациите со квалитет, од 2008 година, секоја година се организира натпреварот BestAppEver. Во рамките на овој натпревар акцентот се става на квалитетот на самите апликации и на игрите, а не на продажбата на истите и затоа овие награди претставуваат своевиден заштитен знак за квалитет.
Натпреварот започна со номинации во текот на ноември 2012 година и квалификационен дел во текот на јануари. Специјална комисија и гласачите од цел свет ги одбраа најдобрите апликации и игри во повеќе од 50 категории.
BestAppEver е организиран од страна на 148apps – еден од светски најпочитуваните веб страни за ревизија на игри и Steel Media Network, гигант во маркетингот на апликации и игри.
Како резултат на големата успешност во креирањето на најсовремени бизнис решенија оваа година се очекува од страна на Seavus да бидат објавени голем број на нови мобилни и online игри кои ќе ја предводат индустријата за игри во 2013 година.
Рушејќи ги бариерите на разни уреди и платформи игрите на компанијата Seavus се достапни на iPhone, iPad, Windows8, Windows phone и Facebook. Многу наскоро ќе излезат и првите игри за на Android – со што Seavus ќе стане единствена компанија во светот која дистрибуира игри за сите платформи истовремено.
Макфакс
Игрите на Seavus се покажаа како подобри од игрите на Zynga, Playtika, Big Fish Games, Electronic Arts, Playkot, Scope

Пронајдете не на следниве мрежи: