Потребни состојки:
100 г боровници
100 г сливи
250 г крем сирење
250 г јогурт
2 големи лажици мед
60 г чиа семе
Начин на подготовка:
Измешајте јогурт, крем сирење, чиа семе и мед. Исечкајте го овошјето и распоредете го во три чинии, па врз него додајте од смесата со чиа и повторно одозгора ставете овошје. Оставете го во фрижидер најмалку 1 до 2 часа.
Најдобро е доколку го подготвите еден ден претходно.