Идеален хотел за сите љубители на вино: Дали и вие би спиеле во буре за вино!?

Засбахвалден, село во германската покраина Баден-Виртенберг, познато е по планинарење и по лозјата. Ова место спаѓа во оние кои не смеете да ги пропуштите доколку се наоѓате во Шварцвалд.
Посебна магија дава чувството кога лежите во винските буриња, љубезниот домаќин ќе дојде и ќе ви донесе вино како најдобар начин да се запознаете со Засбахвалден.
Името на необичниот хотел значи “спиење во буре за вино“, а тие буриња некогаш се користеле за складирање вино од околните лозја.
Постојат шест “соби“, а секоја се состои од две буриња – “спална соба“ во едното и “дневна соба“ и бања во другото.


Во бурињата од 8.000 литри може да се престојува и во текот на зимските денови затоа што имаат вградено греење, пишуваат од „The Sun“.

 

View this post on Instagram

 

Woke up in a wine barrel. Aged and robust. #winenot #agedwell

A post shared by David Peng (@deepinyap) on


Пред винските буриња се наоѓаат камени тераси, со маса и столчиња па гостите на овој хотел можат да уживаат во оброците и виното со поглед кој се протега низ долината.
Од секое буре можат да се видат виновите лози, а и да се проба домашен производ од локалните винарии. Секој гостин добива по едно шише вино за добредојде, а традиционалните оброци, семејството кое го води хотелот, им ги носи на гостите до нивната врата.
Во Засбахвалден постојат и тури со водач по лозјата, а во октомври се одржува и годишниот Винскиот фестивал.


Вакви необични хотели се многу популарни помеѓу љубителите на вино. Освен во Германија вакви хотели можат да се најдат и во Холандија, Португалија, Шпанија, Австрија, Словенија…
И со секој ден се сè повеќе барани поради задоволството кое нивните гости го имаат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.