Идеална за појадок и за слабеење: Овесна каша со банана и какао

Доколку сакате да појадувате нешто здраво и хранливо, а во исто време да одржувате витка линија и да не поминувате премногу време во кујната – имаме решение за вас.

Овесните снегулки се полни со влакна и често се препорачуваат за губење на вишокот килограми, а кога ќе ги комбинирате со вистинските состојки, можете да добиете многу витамини и минерали. Во продолжение ви споделуваме рецепт за здрава овесна каша која е идеален избор за појадок.

Идеална за појадок и за слабеење: Овесна каша со банана и какао
Потребни состојки:
50 грама овесни снегулки
200 милилитри млеко
1 лажица мед
1 банана
бадеми
1 лажичка какао во прав
1 лажичка суво грозје (по избор)
прстофат цимет во прав

Начин на подготовка:
Ставете ги овесните снегулки во длабок сад. Потоа прелијте ги со 100 мл млеко. Млекото и житарките добро измешајте ги со лажица, па оставете ги снегулките да отстојат во млекото околу 10-15 минути. Во блендер сомелете половина банана, овесната каша натопена во млеко, бадемите, какаото во прав, циметот во прав и сувото грозје (или било какви бобинки по вкус). Сето ова прелијте го со 100 грама млеко, па додадете мед. Добиената смеса истурете ја во сад, а искористете ја другата половина од бананата за да ја декорирате овесната каша. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.