Идеално за вечерни собири: Направете крцкави стапчиња за пица

Стапчињата за пица се едноставна закуска што се подготвува брзо и бара минимални состојки. Одлични за вечерни собири, без разлика дали се со семејството или пријателите.Лесни се за подготовка, а комбинацијата од стопено сирење, благ доматен сос и крцкаво тесто гарантира големо уживање.Состојки:
1 пакетче лиснато тесто

100 г рендано сирење (моцарела, гауда или мешавина)

100 г салама

2 лажици доматен сос или кечап

Суви зачини по вкус (оригано, босилек, лук во прав)

1 жолчка од јајце за премачкување

Подготовка:
Лиснатото тесто расукајте го на набрашнета површина. Рамномерно распоредете лажици доматен сос или кечап по целата површина. Потоа наросете со рендано сирење по ваш избор и врз сирењето наредете ситно рендана салама.Додадете сушени зачини по вкус, како што се оригано, босилек и лук во прав, за да го подобрите вкусот. Потоа, внимателно исечете го тестото на ленти широки околу два сантиметри.Можете нежно да ја извиткате секоја лента или да ја оставите рамна, а потоа да ги премачкате со жолчка од јајце за да добијат убава златна боја при печење.Печете ги стапчињата за пица во претходно загреана рерна на 200°C околу 12 до 15 минути, додека не добијат крцкава и златно-кафеава кора.Сервирајте топло како совршена ужина со филм, серија или игра. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи: