Идната недела Сиљановска-Давкова ќе го додели мандатот за новата влада



Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверување на мандатот треба до Собранието да го достави составот на идната Влада, како и нејзината програма

Идната недела претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го додели мандатот за состав на новата влада, информираа денеска од нејзниот кабинет.

Оттаму соопштија дека согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата, на партијата, односно на партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Инаку, рокот за доделување на мандатот за состав на идната Влада истекува на 7 јуни годинава.

Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверување на мандатот треба до Собранието да го достави составот на идната Влада, како и нејзината програма.

Собранието, пак ја избира Владата на предлог на мандатарот и врз основа на програмата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Собранието пред два дена на седницата го конституираше новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај. Истиот ден за претседател на Собранието е избран Африм Гаши,

За функцијата спикер на законодавниот дом Гаши беше предложен со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: