Идната секси снаа на хрватскиот селектор топлес на плажа

Хрватскиот селектор Златко Далиќ наскоро може да добие за снаа мисица, објавија медиумите во неговата родна земја.


Неговиот голем син Тони, кој работи како диџеј во ноќен клуб на море, се забавува со Алма Фабулиќ. Убавата дама ја претставуваше нејзината земја на натпреварот „Мис Универзум“ во 2015 во Лас Вегас.

22-годишната убавица во САД заврши како претставничка, откако „Мис Хрватска“ Барбара Лилјак доживеа несреќа. Алма, исто така, работела како модел во Кина. Во моментов таа работи во локалот, каде Тони пушта музика.

-Го слушавме еднаш. Останавме цела ноќ. Тоа не е нашиот тип на музика, па затоа со мојата сопруга не танцувавме. И не сум добар во танцувањето, призна Далиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.