Избегната трагедија во Скопје: Татко и син се спасија од проектил кој им го проби покривот на куќата

На 15.07.2020 околу 22.15 часот во Полициската станица Центар, С.Ф. од Скопје пријавил дека додека седел со неговиот малолетен син во една од собите од семејната куќа на ул.„Мирослав Крлежа“, се слушнало пукање од огнено оружје.
Проектилот го пробил покривот и паднал на паркетот во нивна близина.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.