Избегнете ја потребата за грицкање

Кога сте под стрес
Стресот забрзано ја троши гликозата во нашето тело, која пак на мозокот му служи како гориво. Затоа, кога сте нервозни или пак имате стресна работа, вашата ментална способност и моќта за брзо донесување на одлуки значително се намалува. 
Совет:  Затворете ги очите и дишете длабоко за да ги средите вашите мисли. Кога сме под стрес, тогаш во нашето тело се лачи кортизол – хормонот на стрес, за кој пак јога вежбите се идеални за да се ослободите од стресот и тотално да ви го опуштаат телото.
Кога сте исцрпени 
Недостатокот од сон често прави да донесувате погрешни одлуку во врска со тоа колку навистина сте гладни, што на крајот резултира со внесување на поголемо количество калории кои реално не ви биле потребни. Истражувањата покажале дека луѓето кои спијат по 4 часа во текот на денот, наредното утро внесуваат 500 калории повеќе за разлика од оние кои имаат редовен и непрекинат сон од 8 часа. 
Совет: Секогаш одвојте 7 до 8 часа за спиење. Да, знаеме дека полесно е да се каже отколку да се направи, но пробајте вака: неколку дена пред секоја важна недела легнувајте си точно во исто време. Тогаш, дури и да останувате будни до доцна во ноќите што следат, вие сеуште ќе имате сила да го издржте тоа темпо и да се справите со предизвиците и стресот кој ви претстојат.
Кога ќе западнете во искушение или пак се борите со ПМС
Секогаш кога сте наспани и одморени, многу полесно ќе им одолеете на искушенијата без разлика дали се работи за нов пар на штикли кои сте ги виделе во излогот ( а веќе имате дома такви во иста боја ) или пак се работи за желба за благо.
Совет: Однапред направете план. Секогаш кога сакате да одите на after-work забава на крајот на неделата, одлучете се за чаша црвено вино, отколку за благите коктели кои освен што прекрасно мирисаат, во себе содржат и многу калории кои на крајот ќе бидат видливи по вашиот стомак или колковите. Затоа многу полесно ќе се справите со искушението доколку однапред ја знаете вашата нарачка. Запомнете, најважна од се е самодисциплината.
Извор: lady.mkКога сте под стрес
Стресот забрзано ја троши гликозата во нашето тело, која пак на мозокот му служи како гориво. Затоа, ко

Пронајдете не на следниве мрежи: