Кина ја отфрли вчерашната изјава на јапонската премиерка Санае Такаичи , во која таа го потврди претходниот став на Јапонија дека Тајван е дел од Кина , пишува хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“.
„Премиерот Такаичи продолжува да ја избегнува вистината тврдејќи дека ставот на јапонската страна останува непроменет. Кина апсолутно не го прифаќа ова “, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.
Јапонскиот премиер вчера изјави дека ставот на Јапонија за Тајван останува непроменет, осврнувајќи се на заедничката декларација на Јапонија и Кина од 1972 година според која Јапонија го почитува ставот на Кина за статусот на Тајван и дека „нема никаква промена во тој став“.
Официјален Пекинг го окарактеризира тоа како „заобиколување на вистината“, предупредувајќи дека „апсолутно не го прифаќа“ нејзиното одбивање да го повлече коментарот.
Јапонскиот премиер претходно во парламентот им рече на јапонските пратеници дека нападот на Кина врз Тајван може да биде „ситуација што го загрозува опстанокот“ на Јапонија, што би можело да му овозможи на Токио воено да се вклучи.
Пекинг инсистира Јапонија да „ги исправи неправилностите“, посочувајќи дека ништо помалку од повлекување на претходната изјава на премиерот Такаичи не е доволно.
The post „ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА, АПСОЛУТНО НЕПРИФАТЛИВО“ Кина ја отфрли изјавата на јапонскиот премиер,врие во водите околу Тајван! appeared first on Во Центар.



