Изборите во Србија на 21 јуни, ќе биде ли и во Македонија слично?
Александар Вучиќ, Претседателот на Србија изјави дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 21 јуни.
Одлуката за изборниот датум, според медиумите во Белград, е донесена на состанок на српскиот претседател Александар Вучиќ со претставниците на партиите.
Вучиќ рече дека не очекува во мај да има никакви предизборни собири, особено не во затворен простор. Тој додаде и дека вонредната состојба во Србија ќе биде укината в среда.
Ако се суди според овој развој на настаните прашање е дали и во Македонија работите ќе се одвиваат слично?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.