Претседателските и парламентарните избори се одложуват и нема да се одржат во мај, дознава Gostivarpress.mk од доверливи извори од политичките партии. Ваква одлука е донесена вечерва, а се очекува да биде потврдена и да ги помине законските процедури во текот на утрешниот ден.
Неофицијално, меѓу причините за одложување на изборите се споменува голем скандал врзан со корупција, кој деновиве ќе биде обелоденет на јавноста. За кога ќе бидат презакажни изборите за сега останува непознато.
Оваа вест за некого ќе беше добредојдена, за некого пак лоша. Но, сепак е само Првоаприлска шега АПРИЛИ-ЛИЛИ драга публико. Без лутење. Да се насмееме и да си посакаме да се смееме почесто!