Избори на 15 јули, се договориле Заев и Мицковски

Избори на 15 јули, се договориле Заев и Мицковски

Преку глава ни е од политички игри и одиме на избори. Се договоривме со Мицковски и датумот е заклучен. Мицковски го потврди датум за договорен со статус на Фејсбук.

На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ.
Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.
Заев пак потенцираше: За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како последен датум за избори. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда, кој ќе биде неработен ден.
За изборите да се одржат на 15 јули, рече Заев, ќе се бара Претседателот на државата да прогласи нова вонредна состојба за да може да се направат и промени во Изборниот законик.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.