Извајани стомачни мускули на кои секоја жена би позавидела: Дали сте знаеле дека таа изгледа волку добро?

Никол Кидман го потсети светот зошто и понатаму можеме да ја наречеме една од најпривлечните жени на Холивуд.
51-годишната актерка и нејзиниот сопруг уживале во фамилијарниот ден на една плажа во Сиднеј, а фотографите успеале да ја фотографираат Никол во бикини. Таа и сопругот Кит Урбан уживале во сончевиот ден со своите две ќерки, 10-годишната Сандеј Роуз и 8-годишната Фејт Маргарет.

Во модерен точкаст костим за капење, Кидман изгледала неверојатно. Освен што актерката е позната по својата витка линија, таа може да се пофали и со совршено извајаните стомачни мускули.


Никол Кидман отсекогаш била синоним за добар изглед, префинетост и женственост, но многумина обожаватели не знаеле дека таа изгледа волку добро во бикини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.