Иако ја “гази“ петата деценија од животот, актерката има совршено извајано тело, а лице како три децении помлада девојка.
Популарната венецуелска актерка, Кораиме Торес (46) доби голема популарност преку улогата на Касандра.
Експанзијата на шпанските серии се случи во 1997-та година, но од сите најпопуларна беше „Касандра“.
Ниту репризите на оваа серија во која Касандра, Доринда, Игнацио и Ранду беа главните актери немаше помалку гледаност. А, потоа дојдоа некои други ликови, па Кораима Торес е заборавена. Денес, нема ни да ја препознаете.
Иако поминаа 27 години откако е снимена серијата сепак за неа времето запрело.
Актерката има совршено извајано тело, а лице како три децении помлада девојка. Естетски операции не правела туку самата се трудела да го има овој изглед на кој и денес многумина ѝ завидуваат.
Животот во природа и постојаните тренинзи направиле и по породувањето да има стомачни мускули.
Таа живее во Венеција каде што е омажена за колегата Николас Монтера со кој има едно дете.