Извештајот на Европска агенција за животна средина покажа дека Македонија е најзагадена земја во Европа

Како што објави „Еуроњуз“ направениот извештај од страна на Европската агенција за животна средина покажува дека Македонија се наоѓа на врвот на листата на најзагадени земји во Европа.
„Македонија е рангирана како најзагадена земја во Европа со загадување до десет пати над препорачаните нивоа. Ова го покажува Европската агенција за животна средина. Густиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на загадувањето на воздухот и сс повеќе луѓе бараат лекарска помош“, информира „Еуроњуз“.
Телевизиската мрежа додава дека Владата на Р. Македонија презела амбициозна цел за подобрување на квалитетот на воздухот за 50% во рок од две години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.