Извештај: Загадувањето на воздухот е поврзано со речиси 2.000 смртни случаи на деца дневно



Речиси 2.000 деца умираат секој ден поради здравствени проблеми поврзани со загадувањето на воздухот – втор најголем ризик фактор за рана смрт во светот, се вели во извештај објавен денеска од Институтот за здравствени ефекти со седиште во САД.

Изложеноста на загадениот воздух придонела за смрт на 8,1 милиони луѓе – околу 12 отсто од сите смртни случаи – во 2021 година, според извештајот. Тоа значи дека загадениот воздух ги надмина употребата на тутун и лошата исхрана и стана вториот водечки фактор на ризик за рана смрт, само зад високиот крвен притисок, се вели во извештајот.

Малите деца се особено ранливи на загадувањето на воздухот, а институтот соработува со Детскиот фонд на ОН, УНИЦЕФ за својот годишен извештај за состојбата на глобалниот воздух.

Загадувањето на воздухот e причина за смрт на повеќе од 700.000 деца на возраст под пет години, се вели во извештајот.

Повеќе од 500.000 од тие смртни случаи се припишуваат главно во Африка и Азија.

Речиси секој човек во светот дише нездраво ниво на загаден воздух секој ден, се вели во извештајот.

Над 90 отсто од смртните случаи се поврзани со ситни честички-загадувачи во воздухот наречени ПМ2.5, кои се со големина од 2,5 микрометри или помалку. Утврдено е дека вдишувањето PM2.5 го зголемува ризикот од рак на белите дробови, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и низа други здравствени проблеми.

Извештајот имаше за цел да ги поврзе стапките на такви болести со нивоата на загаденост на воздухот. Не е земени предвид како загадувањето на воздухот може да влијае на здравјето на мозокот, невродегенеративните болести или какво влијание може да има користењето цврсти горива за греење .

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: