среда, 25 ноември 2026
Најново

Извинување на Заев на Фејсбук

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук и се извини за грешката што ја направи.
– Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, направив ненамерна грешка. Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот “трагедија“, ненамерно го искажав изразот “традиција“.
Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување.
Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на осуда на геноцидот врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жртвите на холокаустот.

 

Поврзани вести