Најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија, среќната ѕвезда ја донесе во Кавадарци, а изнесува близу 500.000 евра.
Во 5-тото коло на Лото7, одржано синоќа не израдува првата 7-ка од играта Лото 7. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7-ка вредна 29.293.930,00 денари.
Ова до сега е најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7-ката во своите досегашни посети, беше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7-ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата.
Во очекување да го запознаеме среќниот добитник ви пренесуваме податоци од системот, според кои среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Добитникот уплатата со вредност од 100 денари ја извршил на 6 мај на продажното место “Браво Нутс“, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.
Очекуваме повеќе интересни податоци по откривањето на добитникот. До сега дел од нашите среќни добитници на 7-ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро, и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на првиот добитник на 7-ка од играта Лото 7, кој со 100 денари и верба во среќата дојде до премија вредна 29.293.930,00 денари. За сега само дознавеме дека во Кавадарци веќе се слави, а има и зошто.


