Извонредни совети за љубителите на пица и на здрава исхрана

Се трудите да се храните здраво. Мислите дека пицата не спаѓа во таа категорија? Размислете уште еднаш! Иако луѓето обично мислат дека пицата дебелее, тоа не мора да биде баш така. Ако ја приготвите или ја нарачате на вистинскиот начин, пицата може да биде многу хранлив, вкусен и нискокалоричен оброк.
Самите пригответе пица
За почеток направете или купете интегрално тесто од целовити зрна. Во него има повеќе влакна, витамини, минерали и антиоксиданси отколку во тестото од рафинирано брашно. Бидете креативни со тестото.
Наместо полномасен, користете кашкавал со помалку маснотии. Самите направете сос и не користете премногу шеќер или сол. Додадете свежи билки, босилек и оригано и мелен црвен пипер.
Не штедете на зеленчук. Бидете креативни со помош на рукола, спанаќ, тиквички, артичоки, чили пиперчиња, репка, рен или што и да ви текне друго. Не постојат граници. Колку повеќе зеленчук, толку повеќе влакна и вкусови.


Нарачајте пица
Нарачајте пица со тенко тесто, а ако во понудата имаат интегрално, уште подобро. Во тенкото тесто има помалку калории, а житарките ќе обезбедат витамини и минерали како и диетални влакна што помагаат при слабеењето заради чувството на ситост.
Барајте пица со помалку кашкавал. Повеќето пицерии не употребуваат кашкавал со помалку маснотии, па со помалку кашкавал на нарачаната пица ќе добиете и помалку калории и заситени масти. Распрашајте се дали во понудата има вегетаријанска пица. Избегнувајте протеински пици со висок удел на маснотии што се наоѓаат во колбасите, фефероните и сланината.
Изберете пица со црвен сос зашто има пониско ниво маснотии и калории и е полн со ликопени, силни антиоксиданси што можат да помогнат да се намали ризикот од рак и срцеви болести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.