Извршителите тријат раце: Од денеска започнува „кланицата“ со присилна наплата на долговите

По пауза од четири месеци, денеска повторно се активираат извршителите со испраќање на решенија за присилна наплата до должниците и нивните работодавачи, како и со блокирање на банкарските сметки. Иако претходно беа намалени одредени ставки од тарифникот на извршителите и беше регулирано одбивањето на пари од сметка од една третина на една петтина за одреднеи ситуации, граѓаните и натаму стравуваат дека извршителите по долгата пауза, овој пат ќе бидат мошне „агресивни“, а останатите инстанци во ланецот само немо ќе го следат тоа со одобрување.


– За блокирање на сметките најголем виновник е законодавецот, па регулаторот на платниот промет, па банките, па на крај извршителот. Сето ова е ,,убав“ доказ дека не е проблем извршувањето на законите, туку квалитетот на законот, коментира Славко Лазовски, граѓанин од Скопје.
Првичната уредба на Владата беше присилната наплата да започне на 1 јули, но одлуката се продолжи за уште 30 дена поради вонредната состојба, односно откако беа променети зборовите во владината уредба која го запре извршувањето во која рокот ,,до 30 јуни” се замени со зборовите „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”. Владата се одлучи на ваков чекор како еден вид на антикризна мерка поради пандемијата на коронавирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.