Случајот Империја и натаму ги тресе фирмите опфатени со истрагата. За неплатени кредити во висина од околу 37 милиони евра извршители ја блокирале сметката на ЗК Пелагонија. Според информација на ТВ 24 се работи за милионски кредити што ги имаат пласирано трите најголеми банки, Комерцијална, Стопанска и НЛБ. Но блокада на Земјоделскиот комбинат направиле и ТТК банка, Централна Кооперативна банка, неколку фирми, но и физички лица кои имале побарувања од Пелагонија. Сметката на комбинатот е блокирана уште од 15 ноември со налог на двајца битолски изврпител, но ангажирани се и извршители од Скопје. Освен сметката, извршителите ги заплениле и сите удели што Пелагонија ги има во десетина други фирми, како Здравје Радово, хотелот Маврово, Комплексот Александрија, Пелагонија енерџи. Во бордот на директори на Зк пелагонија седата двајца од осмничените од Империја кои завршија во притвор – Зорица Арсовска и Цветан Панделески.
Извршителите не сакаат да го коментираат случајот. За блокадана на ЗК Пелагонија не коментираат ниту банките доверители. Велат дека не можат да ги коментираат поединечните случаи на блокирање но остануваат на ставот дека, од една страна се обидуваат да ги наплатата но и да ги обезбедат своите побарувања во фирмите опфатени со истрагата за империја. Тие веќе апелираа до надлежните судски органи да се најде начин да се овозможи тековно работење на фирмите кои немаат финансиски проблеми за да може да ги враќаат долговите. Според официјалните податоци кои ги доби ТВ 24 од Централниот регистар вкупните обврски кон доверители на ЗК Пелагонија во завршната сметка за лани изнесуваат 38 милиони евра.
Во финансискиот извештај, што компанијата го доставила до Македонската берза, пак, за девет месеци годинава, пријавила загуба од 3,7 милиони евра. НЛБ Банка минатата недела започнато постапка за присилна наплата против должникот Земјоделски комбинат Пелагонија и го заплени удел што го има во Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје.
извор: 24.мк
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.