Рано изутрината е локализиран големиот шумски пожар што вчера попладне избувна во близина на кочанското село Пантелеј.
-Со досегашните интервенции, а и според временските услови, не очекуваме натамошно ширење на пожарот. Сепак, направена е значителна штета, а причините за избувнувањето на огнот допрва ќе се испитуваат, истакна Паунов.
Во гасењето на пожарот екипите на ТППЕ – Кочани и на Шумското стопанство „Осогово“ добија поддршка од колегите од Виница и од месното население, со што веднаш беше спречено ширењето на огнената стихија кон селото Пантелеј.
Во пожарот изгореа над 50 хектари даб, габер и нистостеблеста шума, на тешко пристапен терен. До доцните часови во координирањето и интервенцијата беа вклучени и службите од локалната самоуправа и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.