Изгаснат пожарот во кој гореа пет автомобили под скопското Кале, полицијата врши увид


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен во 13:25. Според МВР, било пријавено дека гори сува трева на дивиот паркинг кај поранешниот полигон за полагање на возачки испит

Изгаснат е пожарот што денеска попладне избувна под скопското Кале, на поранешниот полигон за полагање на возачки испит, а во кој беа зафатени пет возила.  

Дел од изгорените возила и противпожарни и полициски екипи на дивиот паркинг под скопското Кале / Фото: МИА

Екипите на скопската противпожарна бригада работат на расчистување на теренот, а на местото е присутна и полицијата, која врши увид за утврдување на причините за пожарот. 

Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски за МИА изјавил дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти е причинета само материјална штета.  

Томевски претходно информираше дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани четири противпожарни возила и 13 пожарникари. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен во 13:25. Според МВР, било пријавено дека гори сува трева на дивиот паркинг кај поранешниот полигон за полагање на возачки испит.  

„Денеска (06.04.2024 г.) во 13.25 часот во СВР Скопје пријавено е дека на улица ‘Лазар Личеноски’, на дивиот паркинг кај поранешениот полигон за полагање, настанал пожар при што гори сува трева. При тоа, од пожарот опожарени се пет моторни возила. Пожарот е локализиран во 14 часот“,

се наведува во информацијата од МВР. 

Дел од изгорените возила во пожарот на дивиот паркинг под скопското Кале / Фото: МИА

Оттаму додаваат дека по насоки на инспектор од СВР Скопје се повикуваат сопствениците на возилата оставени на дивиот паркинг и оти ќе се изврши увид и документирање на случајот од страна на екипа на при СВР Скопје.  

The post Изгаснат пожарот во кој гореа пет автомобили под скопското Кале, полицијата врши увид appeared first on 360 степени.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: