Пожарот кој што избувна во угостителскиот објект за свадби ресторан „Рагуза“ е изгаснат.
Противпожарната единица пристигна на лице место и по нивната интервенција пожарот е изгаснат, а според првичните информации причинета е само материјална штета.
Како што претходно објави Курир, во моментот кога избувнал пожарот во објектот имало свадба и гостите започнале да бегаат.
Улицата пред катната гаража сè уште блокирана. Најверојатно нема повредени, бидејќи како што велат жителите кои сè уште се на улицата, имало две возила на Итната помош, кои си заминале откако е изгаснат пожарот.
Според нашите информации пожарот избувнал во магацинот на објектот.