Изгаснат пожарот во струмички „Глобал“, штетата огромна – наместо поддршка, говор на омраза на социјалните мрежи

Чад и пепел, изгорени продавници и тезги. Ваква е сликата по синоќешниот пожар кој пред полноќ избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Со огнената стихија која се прошири во внатрешниот дел од трговскиот центар, речиси цела ноќ се бореа пожарникарските екипи. Рано утрово, околу 4 часот, пожарот беше локализиран, а во гаснењето на истиот учествуваа голем број на пожарникари од Струмица, но набрзо помогнаа и од Радовиш, Неготино, Валандово и Штип.
Премиерот Зоран Заев кој денеска беше во обиколка на опожаериниот објект е убеден дека со солидарноста од сите, многу брзо ќе се врати живото во Струмица и Глобал ќе почне поврорно да функционира.
„Глобал е симбол на модерна Струмица. Струмичкиот пазар е местото на собирање на струмичани и овде живее струмичкиот дух. Нова година почна лошо и тешко во Струмица но некогаш Господ ги дава ваквите предизвици за да ја покажеме нашата солидарност на дело и да си подадеме рака. Очекувам нескромност од сите да се вклучат, секако дека очекувам од оние побогатите и кој што имаат повеќе да се вклучат во оваа солидарна акција за да можеме да им помогнеме на нашите сограѓани“, истакна Зоран Заев.
Градоначалникот Јаневски потенцира дека повеќе градоначалници понудиле помош за локализирање на огнената стихија.
„Пожарот е изгаснат, но сеуште под контрола на пожарникарите за да не се појават нови жаришта. За среќа жртви и повредени нема, но причинета е голема материјална штета. Сочувствувам со сопствениците на опожарените објекти за големата претрпена материјална штета. Општина Струмица во рамките на своите можности ќе направи се да им помогне во санирањето на штетите“, посочи Коста Јаневски.

По синоќешното избувнување на пожарот во трговскиот центар Глобал. не изостанаа и редовните политички препукувања, но и теории на заговор за причините за пожарот. Без било какви почетни информации или докази, можеа да се читаат претпоставки дека пожарот е подметнат, намерно предизвикан поради оштета и слични измислици. Во пожарот за кој во моментов не се знае од каде почнал, нема човечки жртви ниту повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.