Изгласан третиот нацрт-амандман

Со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани Собранието го утврди XXXV нацрт-амандман на Уставот, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”. Пратениците од власта и од опозицијата во текот на дебатата останаа на своите позиции. Додека за владејачкото мнозинство со договорот добива Македонија, се зацврстува државноста и националниот идентитет и се отвора патот за членство во ЕУ и НАТО, за опозицијата власта нема мандат за усвојување на уставните измени, за кои нема ниту консензус, а со него добива само Грција.
По изгласувањето и на овој амандман започна дебатата и за последниот, XXXVI нацрт-амандман. Со него Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
Како што се одвиваат настаните многу е извесно дека и тој ќе биде изгласан во текот на денешниот ден, особено ако се земе предвит дека за дискусија се пријавени само петмина пратеници. Со тоа денес ќе биде комплетиран процесот на измени на македонскиот Устав.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: