Изгласан четвртиот амандман на Уставот

Со 66 гласа „за“, 7 „против“, а 3 “воздржани“ Собранието на Република Македонија попладнево го утврди и четвртиот Нацрт-амандман на Уставот, кој се однесува на грижата на државата за иселениците. Покрај него Собранието усвои и неколку заклучоци за кои ќе следи јавна расправа која ќе трае пет работни дена. Нацрт-амандманите ќе бидат објавени во печатените медиуми „Слободен печат“ и „Коха“.  Граѓаните, политичките партии, здруженијата на граѓани и учесниците во јавната расправа ќе ги достават своите забелешки и сугестии до Владата.
Денешните усвоени заклучоците од страна на Собранието ќе бидат објавени во „Службен весник“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.