По сексапилната фотографија во бикини, популарната пејачка Александра Пријовиќ сподели фотографија на која никогаш не изгледала посекси.
Социјалните мрежи едногласно и порачаа на пејачката дека таа буквално „гори“ откако се породила и нема никакви белези од истото.
Имено на фотографијата Пријовиќ позира во тесни кратки фармерки истакнувајќи ги нејзините долги нозе, а истото го направи и со нејзините бујни гради кои беа истакнати во преден план.
Сепак на фановите најмногу им бодеше очи нејзиниот рамен стомак кој изгледа буквално како никогаш да не се породила, а уште помалку пред три месеци.
-Изгледаш како да ти го подариле бебето, а не да си го родила, честитки на линијата, изгледаш подобро од било кога…, се само дел од коментарите кои се нижеа од минута во минута.