Изгледа дека среќата сепак може да се купи со пари

Многу научници ширум светот упорно го проучуваат нашиот мозок и начинот на којшто функционира, а за време на истражувањата често доаѓаат до изненадувачки резултати. Но и покрај сите претходни знаења и искуства, постојат работи за човечкиот мозок кои досега не ни биле непознати.
Изгледа дека среќата сепак може да се купи со пари
Едно истражување покажало дека луѓето кои имаат висок коефициент на интелигенција, немаат потреба од многу пријатели. Причината е што нивниот мозок е зафатен со решавање посериозни проблеми.


Некои психолози дошле до резултати кои покажуваат дека во разни делови од светот, луѓето кои имаат помалку од 30 години се изложени на повеќе стрес и страдаат од анксиозност и депресија.
Оние кои страдаат од депресија, често кажуваат како животот им ја изгубил целата боја, а оваа изјава сега има и медицинска потврда. Научниците докажале дека мозокот на личноста која пати од депресија станува чувствителен на боја. Поради ова, депресивните луѓе потешко ги разликуваат нијансите и интензитетот на боите.
Интересно е и откритието дека сите оние кои трошат време фалејќи се за нештата што ќе ги направат, на крај не прават ништо. Оние пак кои не кажуваат ништо за нивните планови, постигнуваат многу повеќе.
Научниците откриле и дека среќата, на некој начин, сепак си има цена. Ова чувство на среќа можете да го купите кога парите коишто сте ги планирале да ги потрошите за себе, ќе ги потрошите за некој од семејството и пријателите. Кога на овој начин ќе ги развеселите другите, ќе се развеселите и самите себеси. Па доколку денес не се чувствувате најдобро, изненадете некоја сакана личност и подобрете го вашето расположение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.