Изговори кои ги користиме кога некој не ни се допаѓа

Постојат неколку популарни изговори кои ги користиме кога сакаме да побегнеме од некоја врска која повеќе не не исполнува или ако едноставно сакаме да побегнеме од некоја причина, а не сакаме да ја повредиме другата страна. Нив не ги користат само мажите, туку и жените за кои многу често се заборава дека и тие оставаат. Но, што најчесто се подразбира под таквите изговори?
1.„Не е проблемот во тебе, во мене е“
Овој легендарен изговор најчесто го изговараме на крајот на заедничкиот пат со некој. Во превод: да, проблемот  е навистина во мене, и во тоа што повеќе не ми се допаѓаш. Други причини нема па затоа и не треба да ги барате.
2. „Мислам дека треба да бидеме пријатели“
Дефинитивно тоа не го мислам, но незгодно ми е те гледам во очи и да ти ја кажам вистината.
3.„Можеш да најдеш и подобар/а од мене “
Звучи како жртвување за да ви биде подобро, но во превод значи:„ Не ме интересира дали можеш или не можеш, но во моментов сакам да ме оставиш на мира.“
4. „Не сум спремен/а за врска“
Само го премолчувате она „со тебе“.
5. „Извини немам време за врска“
Време секогаш може да се најде за оние за кои се грижите, бидејќи на никој обврските не му траат по 24 часа. Постојат неколку популарни изговори кои ги користиме кога сакаме да побегнеме од некоја врска која повеќе не не исполн

Пронајдете не на следниве мрежи: