Изгорениците од сонце се ноќен кошмар: Еве како едноставно да се ослободите од нив

Освен убав и исончан тен, сонцето понекогаш може да нѝ ‘пружи’ и изгореници, особено ако не се придржуваме на добро познатите правила за заштита.
-Изгорениците од сонце се видлив знак за оштетување на кожата. Тие покажуваат дека УВ зрачењето поттикнува произведување на слободни радикали кои можат да бидат многу штетни за кожата, вели дерматологот, д-р Рајани Кејт.


Изгорениците знаат да бидат многу непријатни и болни, затоа, за да си ја олесните нелагодноста преку денот, а и преку ноќта, за почеток направете ладни облоги.
-Намокрете пешкир во ладна вода, а потоа ставете го на кожата и оставете го 10-15 минути. Потоа нанесете хидратантна крема без мирис и тоа додека кожата сè уште е влажна. Важно е да избегнете иритација на кожата, тврди Кејт.
Нормално, секогаш е подобро да спречите отколку да лечите, па затоа горењето на сонце лесно можете да го избегнете со паметни трикови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.