ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – пламените јазици се проширија за неколку секунди 

Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

Сопственикот на возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото.
– Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.

ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – пламените јазици се проширија за неколку секунди 

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот по што за кратко време беше ставен под контрола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.