Дизелот се продава за 2 денари поскапо. Новата цена на бензините поголема за 1 денар. Макпетрол ги објави цените на горивата по кои тие од полноќ веќе се точат на нивните бензински пумпи.
Ова се новите цени.
Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
– Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.
Од пред две недели, Регулаторната комисија остана без мандат за регулација на малопродажните цени на нафтените деривати. Во моментов цените се одредуваат пазарно, односно, секоја бензинска пумпа, сама одлучува за колку пари ќе ги продава горивата.
Инаку, од следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија, која регулаторите треба да ја донесат во следните два дена.
На прес-конференција денеска посочија дека со неа цените ќе бидат пониски од оние што се одредувале со старата, а придобивки ќе имаат и граѓаните и трговците.