Со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика која важи од завчера, бензинот и дизелот повторно поскапеа.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапе ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи Регулаторната комисија за енергетика по Велигден.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар.
Мазутот М-1 НС, пак, поевтине за 0,078 денари и еден килограм чини 34,377 денари.
Оваа одлука на Регулаторната комисија за енергетика е последна што се ноди според досегашната методологија.
Во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според сосема нов концепт и нема да пресметува производна цена, туку основа ќе и биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошок за маржа.