Изградбата на минарето на џамијата во Охрид – стопирана

Управата за заштита на културното наследство ја стопира изградбата на 32 – метарското минаре на Али – пашината џамија. Надзорниот орган кој во петокот излегол на терен утврдил низа нерегуларности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот и парично е казнет.
Во телефонска изјава за ТВ“24“, Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, вели дека инвеститорот не се придржувал до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето.
– По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Дополнително измените кои се направени во внатрешноста не одговараат на издаденото одобрение. Затоа изградбата е стопирана и има парична санкција. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција. Се работи за објект од крајот на 15 и почетокот на 16 век и треба да се направи стручна експертиза од страна на професори, архитекти и градежници, и да се утврди дали треба да се гради минаре со височина од 32 метри, вели Николовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.