Станува збор за вистинска приказна за млад маж кој успеал да изгуби 29 килограми за неколку месеци без никакви диети, таблети и посебни физички оптоварувања.
Тој тврди дека нема подобар начин да се намали тежината од секојдневната прошетка. На прв поглед, овој совет изгледа премногу банално и не е баш јасно зошто му се придава толку внимание на обичното одење.
Во 20-тата година, овој млади тежел речиси 100 килограми на висина од 173 сантиметри. Неговата тежина, по неколку месеци редовно одење, се намалила за 29 килограми. Притоа, секако, внимавал на исхраната, не се прејадувал, но не држел ни диета.
На тој начин, нема ни да забележите како килограмите постепено исчезнуваат. За да разберете зошто пешачењето е толку ефикасно при согорувањето маснотии, треба да сфатите неколку факти:
1. Маснотиите може да се отстранат само со помош на физички активности. 90% од масите согоруваат во мускулите во присуство на кислород. За да ослабите, мора да се движите.
2. Пешачењето е поефикасно од другите спортски активности, бидејќи тоа целосно го ослободува организмот од маснотии. Запомнете дека зборуваме само за слабеење, не за флексибилност и градење мускули, бидејќи тоа не може да го постигнете само со одење. За време на активните спортски оптоварувања согорувате најмногу јаглени хидрати. При потешки спортови, без соодветна спортска исхрана, најверојатно повеќе гладувате и се изморувате отколку што согорувате маснотии.
3. Кога пешачите, во крвта се лачат хормони што предизвикуваат чувство на ситост. Освен тоа, од разложените маснотии се ослободува дополнителна енергија и ви треба помалку храна, особено благи работи, која најлесно се претвора во маснотии.
4. При константното намалено оптоварување, како што е одењето, го доведувате организмот во состојба на согорување маснотии и вашето тело ќе се збогува од вишокот килограми.
Поврзани објави
5. Крупните луѓе многу често ги повредуваат колената и другите делови од телото кога ќе почнат да се занимаваат со тенис или трчање, на пример, бидејќи премногу ги оптоваруваат со тежината.
6. За да пешачите, не ви треба членска карта за во вежбалница, ниту спортска опрема. Никој нема да забележи ако не сте во идеална форма.
Совет: Најделотворно е пешачењето или умереното џогирање наутро, на празен желудник, бидејќи директни ги топи маснотиите, а не веднаш по изедениот појадок.
Од сето ова може да се заклучи дека ќе согорите повеќе маснотии ако вежбате редовно и без оптоварување, отколку со повремено исцрпување во вежбалница. Едноставното пешачење е идеално во секоја смисла.
Зошто пешачењето е една од најдобрите навики што можете да ја стекнете?
Секојдневното брзо одење во траење од 30 до 60 минути согорува калории, го забрзува метаболизмот и ја поттикнува изградбата на мускулите. Редовното пешачење го намалува ризикот од срцеви болести, рак на дојка, рак на дебело црево, дијабетес, мозочен удар и влијае позитивно на доброто расположение. Освен тоа, го зголемува капацитетот на белите дробови и го стабилизира крвниот притисок.
Пешачењето помалку го оптоварува организмот и зглобовите за разлика од трчањето, па затоа е идеална рекреација за луѓето кои имаат лоша кондиција и се во повозрасни години.