Северина последните неколку дена одмара на островот Врник, а на социјалните мрежи сподели фотографии во костим за капење истакнувајќи ја својата фигура и изглед кој и пркоси на годините.Таа носеше бел костим за капење и шапка со широк обод, а ова издание на плажа го комплетираше со кафени сандали на Гучи.
Шеширот го штити телото“, вели 52-годишната пејачка со фотографиите, откривајќи дека се направени на островот Врник или Шкој како што го нарекуваат мештаните.
View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina)
Нејзините фотографии ги инспирираа фановите на пејачката да се пошегуваат дека ова нејзино издание е всушност причината за гасењето на ИТ системите ширум светот.
„Затоа во Далмација нема струја“, се пошегувал еден од следбениците на пејачката.Северина редовно привлекува внимание со аутфитите и физичкиот изглед, а често избира брендирани парчиња со впечатлив дизајн.
Неодамна таа беше во центарот на вниманието поради маица со необичен дизајн – која изгледа како ткаенината да е влажна и проѕирна, а ја носеше на настап во Слано.
Пред неколку недели беше потврдено дека хрватската пејачка ќе ги забавува сараевчани за Нова година, а ќе настапи пред Вечните пламени на улицата Титова.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.