Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, ја предупреди Велика Британија во четвртокот дека излегувањето од Европската унија скапо ќе го чини Лондон.
„Заминувањето е одлука којашто се донесува со намера, слободно и таа е во целост легитимна, меѓутоа има и своја цена”, рече Херман ван Ромпуј во Лондон каде присуствуваше на европската конференција за начините за придвижување на еврозоната и местото на Велика Британија во Европа.
Британскиот премиер Дејвид Камерон се обврза во јануари, под притисокот на британските евроскептици, дека до крајот на 2017 година ќе организира референдум за задржување на Велика Британија во реформираната Европска унија. Оцени дека на другите земји од Унијата не им се допаѓа особено таа идеја, но ниту не ги заплашува.
„Можно е излегување од клубот. Но не станува збор само за заминување, Тоа би бил многу посложен проблем и правно и политички тешко применлива одлука. Да се размислува за развод по 40 години брак”, алудираше а влегувањето на Велика Британија во Европската унија во 1973 година.
Makфакс
Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, ја предупреди Велика Британија во четвртокот дека излегувањето о