Излезеноста до 17 часот на седумте избирачки места каде што се прегласува е 45,88 отсто


Излезеноста до 17 часот на седумте избирачки места каде што се прегласува е 45,88 отсто

Поединечно, во изборната единица 6, каде што се прегласува само на едно избирачко место во Општина Желино, излезеноста до 17 часот е 50,65 проценти. Во петтата изборна единица, пак, каде што има прегласување на шест избирачки места во четири различни општини, излезеноста до 17 часот е 44,53 отсто

На два часа пред завршување на гласањето на седумте избирачки места во изборните единици 5 и 6 каде што денеска се прегласува на парламентарните избори, гласале 2 071 од вкупно 4 514 запишани избирачи. Излезеноста до 17 часот на овие избирачки места, како што објави Државната изборна комисија (ДИК), е 45,88 отсто.

Поединечно, во изборната единица 6, каде што се прегласува само на едно избирачко место во Општина Желино, излезеноста до 17 часот е 50,65 проценти. Во петтата изборна единица, пак, каде што има прегласување на шест избирачки места во четири различни општини, излезеноста до 17 часот е 44,53 отсто.

Според ДИК, до 17 часот најголема излезеност (57,57 проценти) има на избирачкото место 1194 во Крушево кое е во рамки на петтата изборна единица. По него следува избирачкото место 1844 во Струга, исто така во изборната единица 5, каде што има излезеност од 52,06 отсто. Следува единственото избирачкото место на кое се прегласува во шестата изборна единица, односно ИМ 2101 во Желино, со излезеност од 50,65 отсто.

Прегласувањето за парламентарните избори денеска се одвива на шест избирачки места во петтата изборна единица и на едно во изборната единица 6.

Државната изборна комисија го поништи гласањето на овие седум избирачки места, а одлуката беше потврдена и од страна на Управниот суд посочувајќи дека тужбите на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се неосновани. ДИК, исто така, ги смени и членовите на избирачките одбори во овие избирачки места.

Пронајдете не на следниве мрежи: