ИЗЛЕЗЕ ВИДЕОТО ОД УБИСТВОТО – СТРАШНАТА ЛИКВИДАЦИЈА НА ВЛАОВИЌ! Му пријде одзади и пукаше!

Се појави видео од убиството на Горан Влаовиќ, на кое се гледа дека напаѓачот носел бела капа, црна кошула и сиви панталони. Предупредување: Вознемирувачко видео!

ИЗЛЕЗЕ ВИДЕОТО ОД УБИСТВОТО – СТРАШНАТА ЛИКВИДАЦИЈА НА ВЛАОВИЌ! Му пријде одзади и пукаше!

Црногорскиот државјанин Горан Влаовиќ бил застрелан и убиен во четвртокот околу 06:00 часот во Паг, а лицето поврзано со тој настан било фатено и задржано во полициските простории, соопшти СВР Задар.

Во медиумите и на мрежите се појави видео клип од самиот атентат. На видеото можете да видите како маж во бела капа, црна кошула со долги ракави и сиви панталони им пришол на двајцата мажи одзади и потоа испукал еден истрел во главата.

Предупредување: Вознемирувачко видео!

На видеото јасно се гледа како напаѓачот бега од местото на злосторството, и случајни минувачи кои не се сигурни што да прават. Изгледа дека човекот кој го придружувал убиениот на почетокот не разбрал што се случува.

Сето ова се случи пред дваесетина луѓе кои ги напуштаа клубовите. По истрелот, еден дел од луѓето почнале да бегаат, додека други веднаш тргнале да му помогнат на човекот кој лежел на земја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.