Четири лица се повредени откако „мерцедес“ управуван од шеесет и едногодишен беровчанец излета кај клучката Миладиновци.
„Вчера во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, кај клучка Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(61) од Берово, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатничките М.С.(24) и М.Д.(24), двете од Берово и М.Ш.(20) од Пехчево, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.