Излечете ја главоболката без апчиња
Дали поради стрес и замор или поради настинка, главоболката се појавува многу често и нè измачува. Следниот пат, пред да започнете да барате апче, пробајте да ја отстраните на некој од следните начини:
- Напијте се едно силно кафе (турско или еспресо), во кое што ќе исцедите еден лимон.
- Ставете една супена лажица кантарион во 250ml вода. Откако ќе поминат 15 минути, прецедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.
- Во 500ml врела вода ставете една лажица сушени лисја од нане. По 30 минути исцедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.
- Исцедете сок од три кисели јаболка и во него додајте една лажица мед. Испијте го нагладно.
- Лисјата од гинко билоба се популарен лек за главоболка. Тие го подобруваат крвотокот и со тоа помагаат повеќе кислород да достигне до мозокот.