Во просториите на Архитектонскиот Факултет при Уким беше отворена изложбата на архитектонските студија ИАС/23.
Станува збор за традиционална изложба на која пред стручната и пошироката јавност се претствени студентските проекти и работа на новите генерации архитекти, кои се дел од Архитектонскиот факултет во Скопје.
Изложбата на архитектонски студија ИАС’23 ги обедини студентите, професорите, и љубителите на архитектурата и овозможува преку прикажаните проекти да се запознаеме со визиите, талентот и креативноста на младите архитекти, но и со најновите тенденции и предизвици во областа на архитектурата.
Проектите на младите архитекти ја презентираат новата сила во оваа област.
„Вложувањето во студентите е долгорочен и стратешки интерес на секоја земја и секое модерно општество, а изложбата е потврда и показател за квалитетниот млад потенцијал со кој располага нашата земја, која има традиција во создавањето на кадар кој во иднина ќе претставува препознатлив белег на нашиот културен мозаик и во земјата, и надвор од неа“, истакна Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која ја посети изложбата.