Изложба на Владимир Ѓоргиев во Галеријата МКЦ.

Владимир Ѓоргиев е искусен македонски фотограф, чија кариера трае веќе четири децении и се одвива во сферата на уметничката и комерцијалната фотографија. Тој го започна својот пат во оваа уметност со фокус на црно-белата фотографија и разви сопствен стил преку работа во своја лабораторија, што резултира со уникатен пристап кој постојано се менува. Неговата изложба на уметнички фотографии „Игри на светлината“ ќе биде претставена на трети април во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
Палетата на неговата работа е широка и опфаќа модна, портретна, уметничка акт и пејзажна фотографија, како и макро-фотографија. Уникатниот третман на светлината и извонредното чувство за естетика ја дефинираат неговата работа, што е особено видливо во неговите едиторијали и корици за престижни списанија како Playboy Macedonia. Ѓоргиев има изложувано во Скопје, Полска и Чикаго, а неговата репутација како професионалец му овозможи да биде избран за официјален фотограф и шминкер на Eurovision во Шведска во 2000 година.
Покрај уметничките проекти, тој е познат и по својата работа во комерцијалната и продукт фотографија, создавајќи ефектни билборди и CD корици за познати музичари. Во последните 12 години, Владимир активно учествува и во полето на stock фотографијата. Најновата изложба „Игри на светлината“ го прикажува неговото враќање на омилените теми – уметничкиот акт и портретот – каде се гледа неговото извонредно техничко умеење со светлината. Изложбата ќе биде отворена до 24 април.
The post Изложба на Владимир Ѓоргиев во Галеријата МКЦ. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: