Изложба на Родољуб Атанасов во Гевгелија 2025 година

Во уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија, вечерва се отвoра изложбата „Визии-глава полна со луѓе“ на познатиот македонски сликар Родољуб Анастасов. Изложбата ќе прикаже околу дваесет портрети од неговата серија цртежи, работени со молив како техника. Куратор на настанот е Јасминка Намичева, која стои зад неформалната музејска мрежа „Музеум Линк“.
Овие цртежи претставуваат значаен пресврт во уметничкиот развој на Анастасов. Тие се создадени помеѓу 2016 и 2022 година со употреба на молив и обоен молив на хартија, и се мали по формат. Делата откриваат нов аспект на Анастасов, различен од неговата долгогодишна ориентација кон циклусот „Човек и простор“, кој му донесе меѓународна признание. Серијата портрети, кои содржат бројни ликови во еден цртеж, ги претставуваат лицата запишани во меморијата на уметникот и произлегуваат од драматични животни искуства од 2008 година, се наведува во соопштението од организаторите.
Изложбата во Гевгелија е резултат на соработката помеѓу НУ Музеј – Гевгелија, Здружението „Архифакт“ и мрежата „Музеум Линк“ од Скопје, а e дел од иницијативата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.
The post Изложба на Родољуб Атанасов во Гевгелија 2025 година appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: