Вечерва во Музеј галеријата во Кавадарци ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Илија Дојков. Познат како дипломиран графички дизајнер, Дојков својата креативност ја изразува и преку класичните форми на уметност, како што се сликарството, цртежите, фотографијата и тетовирањето. Неговите дела често ја истражуваат играта меѓу светлината и сенката, што му овозможува да ги испита човечката природа, идентитетот и општествените конвенции, истакнаа од Музеј галеријата. Од таму објаснија дека Илија е образован во ликовна уметност и графика, инспириран од различни уметнички дисциплини, а завршил студии по дизајн и мултимедија со специјалност во графички дизајн. Неговите креативни остварувања биле изложувани на бројни изложби.
The post Изложба на слики од Илија Дојков во Кавадарци appeared first on 365.mk.