Меѓународниот фестивал за алтернативна фотографија, кој се одржува во Културно социјалниот центар – Јадро во Скопје, ќе ја отвори првата изложба на Зрно фестивалот за оваа година, насловена „Проверка на диоптријата“, вечерва во 20 часот. Во оваа изложба ќе учествуваат 60 автори со по едно дело, презентирајќи широка палета од креативни изрази и техники. Настанот е организиран во партнерство со „Galerie Guerilla“ од Виена и КСП Центар – Јадро. Изложбата претставува ревија што ги обединува ентузијастите за аналогна фотографија од Европа и пошироко, а голем број од авторите се дел од работилниците за благородни фотографски процеси што ги организира Зрно фестивалот.
Овој настан е можност за откривање на богатството на современата аналогна фотографија која повторно го привлекува вниманието на светската сцена. Во време кога уметничките изрази често се препуштени на алгоритми, кои не им дозволуваат на авторите да изразат личен стил и тактилно чувство, аналогната фотографија и старите благородни техники инспирираат нова генерација креативци. Зрно фестивалот годинава за свој слоган го има избрано „Фотосинтеза!“, истакнувајќи дека обединува уметници од целиот свет и се “храни” со осветлувањето, било тоа внатрешно или надворешно, велат од фестивалот. Од Македонија, во изложбата учествуваат Кети Талевска-Бакревска, Мартина Павлоска, Сара Ислам, Сашо Алушевски, Еџе Али, Анѓела Танчевска и Филип Ицовски.
The post Изложба на 60 Европски Аналогни Автори appeared first on 365.mk.