петок, 27 ноември 2026
Најново

Изложба „Сувенир“ од Милко Нестороски во Прилеп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ започна изложбата „Сувенир“ од уметникот Милко Нестороски. Тој пред прилепската публика се претставува со 15 уметнички дела изработени од природни материјали. Делата именувани како сувенири носат приказни за сегменти од природата. Авторот смета дека тие ги отсликуваат богатството на природните форми и убавината што може да се открие во нив, која во денешното време на масовна продукција често останува незабележана. Нестороски објаснува дека современото општество сè повеќе се оддалечува од природната естетика во корист на индустриски произведени објекти и сувенири. Уметникот своите дела ги создава и изложува во Струга. Оваа изложба е дел од програмата на ЦК „Марко Цепенков“ за 2025 година.

Поврзани вести