Измери со рака: Колку треба да јадете за да не се здебелите

Експерти од Сиднејскиот универзитет ја открија формулата за количеството на храна што ни е потребна, а која воедно нема да ги зголеми нашите килограми.
Тие препорачуваат храната да ја мериме користејќи ја нашата рака.


– Не постои совршен начин на мерење на количеството храна која ни е потребна, па сакавме да изнајдеме подобар начин, изјави нутриционистката Алис Гибсон која е дел од тимот истражувачи.
Според нив, формулата гласи: една половина од ширината помножено со дебелината на дланката на раката, па сето тоа помножено со должината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.